• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Од „Пирогов“ пуштени уште тројца тешко повредени во пожарот во Кочани

Од „Пирогов“ пуштени уште тројца тешко повредени во пожарот во Кочани

Софија, 2 мај 2025 (БТА/МИА) – Од Универзитетската ургентна болница „Пирогов“ пуштени се уште тројца од најтешко повредените во пожарот во Кочани, Република Северна Македонија, информираат од болницата.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Со нив, бројот на успешно спасени тешко повредени лица транспортирани во „Пирогов“ станува седум. Во моментот во болницата останува на лекување осмиот најтешко повреден пациент 21-годишен маж, информираат од болницата.

Тројцата отпуштени млади луѓе се на возраст меѓу 16 и 19 години. Како и со другите четворица нивни сонародници, отпуштени на 7 април, тимовите се бореа деноноќно за нивните животи.

„Сите жртви беа подложени на речиси 30 големи сложени операции и над 240 помали операции“, објаснува проф. Маја Аргирова, раководител на Клиниката за изгореници и пластична и реконструктивна хирургија во Пирогов. Таа и нејзиниот тим се бореа деноноќно за младите луѓе.

Дваесет и едногодишното момче, кое сè уште е во Пирогов, е во стабилна состојба и останува во клиниката на лекување.

На 16 март, осум жртви од тешката несреќа во градот Кочани, Република Северна Македонија, беа пренесени во Ургентната болница „Пирогов“. Во тимот што ги транспортираше повредените беше и реаниматорот од Пирогов, д-р Кирил Пенчев.

На 11 април, уште три жртви од пожарот во Кочани, хоспитализирани во Бугарија, беа отпуштени од болниците во Пловдив и Варна.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан