• вторник, 24 декември 2024

Од октомври Турција ја презема командата со силите на КФОР на Косово

Од октомври Турција ја презема командата со силите на КФОР на Косово

Анкара, 17 август 2023 (МИА) - Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека Турција ќе ја преземе командата со мисијата на НАТО во Косово (КФОР)  од октомври оваа година.

Портпаролот на Министерството за национална одбрана на Турција, полковник Зеки Актур, на прес-конференција најави дека командата на КФОР ќе и биде предадена на Турција од Италија во октомври годинава.

Во јуни оваа година, турското Министерство за национална одбрана испрати пешадиски баталјон на турската армија во Косово за поддршка на мировната мисија на НАТО по тензиите во северно Косово. ссм/

Остани поврзан