• среда, 27 ноември 2024

Од коалицијата „Менуваме“ бараат јавна расправа во врска со стратегијата за лицата со попреченост 

Од коалицијата „Менуваме“ бараат јавна расправа во врска со стратегијата за лицата со попреченост 

Скопје, 23 јуни 2023 (МИА) - Од коалицијата „Менуваме“ бараат јавна расправа во врска со стратегијата за лицата со попреченост. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција од страна на Суарет Алиша, по остварената средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика. До Министерството за труд и социјална политика, доставиле забелешки на акциониот план, за стратегијата, за која, како што рече, не ги решавала проблемите на лицата со попреченост, туку создавала можности за нови вработувања, а биле предвидени и непотребни трошоци за прирачници и слично.  

- Кажавме дека стратегијата не може да помине, не е во интерес на лицата со попреченост. Таа не се базира врз база на потребите на лицата со попреченост. Таа мора да биде во интерес на лицата со попреченост. Не велам дека цела стратегија е лоша, но, можам да кажам дека 65 отсто од неа, од што досега анализиравме, има многу пропусти, рече Алиша.

Тој нагласи дека нема да застанат тука. Дека особено се стравува од дискриминација, поради тоа што, како што рече, лицата со попреченост не се споменати во Уставот на државата.

- Живееме во држава со пречки во развојот и политичари со посебни потреби, кои бегаат од средба со нас. Со тоа покажуваат колку една држава вреди. А вреди, онолку колку што се грижи за беспомошните, додаде Алиша. бд/ац/

Фото: МИА 

Остани поврзан