• среда, 27 ноември 2024

Од денеска прооден за сообраќај мостот на река Кумановка

Од денеска прооден за сообраќај мостот на река Кумановка
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - Од денеска напладне ќе биде прооден за сообраќај мостот на река Кумановка на патот R1204, делница Куманово – Свети Николе, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Мостот на реката Кумановка во населба Проевце од март годинава беше целосно затворен за сообраќај поради реконструкција. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/

Остани поврзан