• петок, 05 декември 2025

Од денеска времен режим на сообраќај на делниците Извор – Врбјани и Ботун – Климештани

Од денеска времен режим на сообраќај на делниците Извор – Врбјани и Ботун – Климештани

Скопје, 30 октомври 2025 (МИА) - ГД „Гранит“ АД Скопје од денеска ќе започне со градежни активности за рехабилитација на државниот пат А2, делница Извор – Врбјани и рехабилитација на државниот пат А2 делница Ботун – Климештани каде согласно издаденото Одобрение од Министерството за транспорт се воведува времена измена на режим на сообраќај, информираат од компанијата.

Нагласуваат дека согласно одобрението од Министерството со број 11–6150/4 од 28 октомври 2025 година, времениот режим на овие две делници ќе се одвива во период од 30 октомври 2025 година до 28 октомври 2026 година.вј/са/

Фото: МИА

Остани поврзан