• вторник, 24 декември 2024

Од денеска во продажба дневен билет од 120 денари за неограничен број користења во градските автобуси во Скопје во текот на еден ден

Од денеска во продажба дневен билет од 120 денари за неограничен број користења во градските автобуси во Скопје во текот на еден ден
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје од денеска е пуштен во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден. Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии - градски и приградски. Како што информираат од ЈСП Скопје, патникот има обврска да го валидира билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе преседнува. -Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка „Скопска“ (туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично). Новата услуга, новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје со цел унапредување и олеснување на услугите на корисниците на јавниот градски и приградски превоз, велат од ЈСП и нагласуваат дека цената на сите останати билети останува иста.вј/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан