Од верските календари - 11 октомври
- 11 октомври 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 септември. Денеска е Преподобен Харитон Исповедник.
11 октомври 2021 (МИА)
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 септември.
Денеска е Преподобен Харитон Исповедник.
Харитон потекнуваше од градот Иконија, во Мала Азија каде проповедаше апостолот Павле. Харитон се овенча со венецот на исповедништвото во времето на царот Аврелијан кога беше мачен и остана во римските затвори се до смртта на Аврелијан. По излегувањето од затворот, отиде во Палестина и се повлече во пустината Фаран каде што основа манастир. Откако уреди се во манасторот, повторно се повлече во една пустина, во близина на Ерихон. Таму се собраа монаси. Накрајот, основа и трет манастир, познат како Стара Лавра. Се успокои во длабока старост, во 350 година. Неговите мошти се наоѓаат во фаранската семејна гробница.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Александар Саули.
Роден е во Милано, во 1533 година. Неговиот татко бил гроф, што значи дека потекнувал од богато и почитувано семејство. Александар имал 15 години кога заминал во манастирот во Милано и молел да го примат за калуѓер. Му кажале да стави крст на рамото и да оди на главниот градски плоштад, каде што морал да зборува за покорноста т.е. за исповедта. Плодот на неговото проповедање и говорот за исповедта бил тој, што назад кон манастирската црква го следеле голем број луѓе, желни за исповед т.е. помирување со Господ. Потоа го примиле со радосно срце, во манастирот. На 32-годишнина станал главен генерал во својот ред. Папата Пиј Петти го именувал за бискуп на Корзика. Главна негова мисла била: "Човек мора да ја исполнува божјата волја". Александар умрел во 1593 година именуван со светост. Луѓето му се молат за секакви потреби.
###