Одрон од карпи на патниот правец Струмица - Берово, сообраќајот отежнат
- АМСМ соопшти дека вечерва, поради одрони од карпи и земја, сообраќајот на патниот правец Струмица - Берово над рудникот Огражден се одвива отежнато.

Скопје, 31 јануари 2021 (МИА) - АМСМ соопшти дека вечерва, поради одрони од карпи и земја, сообраќајот на патниот правец Струмица - Берово над рудникот Огражден се одвива отежнато.
Поради врнежите, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите. мч/сст/