• среда, 27 ноември 2024

Одржан онлајн состанок на ЕТКФ

Одржан онлајн состанок на ЕТКФ
Скопје, 2 август 2020 (МИА) - Денеска се одржа ЕТКФ онлајн состанок на бордот на директори на кој присуствуваа: д-р Владимир Јорга, д-р Дејан Недев, проф. Венцислав Недев, д-р Шербан Валека, Николае Марандичи, Роман Павловиќ, Роберто Фали и Ана Јорга, соопшти Македонската традиционална карате федерација. На состанокот д-р Јорга и д-р Недев ги информираа директорите на ЕТКФ за одлуките кои беа донесени на онлајн состаноците одржани на светската федерација ИТКФ каде како претставници од Европа присуствуваа д-р Јорга и д-р Недев. Покрај останатото беше донесена одлука да ЕТКФ европскиот шампионат кој требаше да се одржи во месец јуни оваа година во Прага, да се одржи од 11-13 декември исто така во чешката престолнина доколку се стабилизира ситуацијата со пандемијата. Ова ќе се знае во септември кога е закажан следниот состанок на ЕТКФ. Доколку ЕШ се одложи повторно во замена се планира да се одржи онлајн ЕШ за деца, кадети и јуниори во кати и кихон. зс/

Остани поврзан