• среда, 25 декември 2024

Одржана тркалезна маса во Кичево - „Дали личиме на ЕУ“

Одржана тркалезна маса во Кичево - „Дали личиме на ЕУ“
Кичево 5 април 2022 (МИА) - Руралната коалиција во соработка со Здружението за родова еднаквост „Еманципирана жена“ Кичево, денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали личиме на ЕУ“, на која преку филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права беше обработена оваа тема. -Работилниците ќе бидат организирани во 12 градови во земјава, за да се подигне свеста кај јавноста за постојните бариери за мониторинг и заштита на човекови права во Западен Балкан, преку кратки докуметнарни филмови и анимирани видеа, најави извршната директорка на „Рурална Коалиција“, Лиљана Јоноски . Според неа, колку и да ни изгледа дека општеството е еднакво и дека нема поделеност по ниеден основ, реалната состојба на терен и статистиката ни го кажуваат сосема спротивното. Наведе дека како потврда се претходните локални избори кога, како што рече, во земјава единствената жена градоначалник е избрана во Старо Нагоричане, не сметајќи го гланиот град.  - Ние како „Рурална Коалиција“ работиме во руралните средини и верувале или не се уште се соочуваме со одредени стереотипи и бариери, а голем дел од жените и да сакаат  нешто да постигнат не можат, бидејќи немаат имот на свое име, можности за вработување, и токму затоа ние мора тоа да почнеме да го менуваме, додаде извршната директорка. за/свс

Остани поврзан