Одредени двојките од првото коло од Купот на Македонија
- По извлекувањето на двојките за првото коло од новото првенство, беше извршено и извлекувањето на паровите за првото коло од Купот на Македонија
Скопје, 30.јули 2025 (МИА) - По извлекувањето на двојките за првото коло од новото првенство, беше извршено и извлекувањето на паровите за првото коло од Купот на Македонија. Освојувачот на Купот Вардар во првата рунда е слободен.
Куп на Македонија,прво коло:
Башкими Јаболчиште - Детонит Плачковица
Шкендија Арачиново - Саса
Беласица - Арсими
Јенимаале - Шкендија
Карбинци - Работнички
Евротип - Силекс
Победа Валандово - Брегалница
Тетекс - Пелистер
ГФК Охрид - Брера
Љуботен - Македонија ЃП
Скопје - Тиквеш
Кожуф - Шкупи
Победа - Башкими
Екипата на Пчиња е слободна бидејќи Беса се откажа од сите натпреварувања.
Термини за одигрување на натпреварите се 26 и 27.август. мн/
Фото: ФФМ