• вторник, 24 декември 2024

Одобрена набавка на 200 респираторни машини

Одобрена набавка на 200 респираторни машини
Скопје, 3 април 2020 (МИА) - За време на вонредната сосотојба во земјава ќе бидат набавени 200 респираторини машини. Владата, на денешната 34-та седница ја разгледа и усвои Уредбата за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба, со која се уредуваат условите и постапката за интервентна набавка на 200 респираторни машини заради спроведување на мерките за справување со корона вирус за време на траење на вонредната состојба, согласно спецификација уредена со Уредбата со законска сила. - За оваа набавка Министерството за здравство ќе објави јавен повик на својата веб страницата, кое ќе трае 72 часа од моментот на неговото објавување. Оценка на пристигнатите понуди ќе ја врши тричлена Комисија од редот на вработените административни службеници формирана од Министерството за здравство, соопштија од Владата. см/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан