Одобрена атлетската манифестација „Охрид трчаТ“
- Комисијата за заразни болести даде дозвола за одржување на спортската манифестација „Охрид трчаТ“ која е закажана за 28 до 30 август.
Охрид, 13 август 2020 (МИА) - Комисијата за заразни болести даде дозвола за одржување на спортската манифестација „Охрид трчаТ“ која е закажана за 28 до 30 август.
- Голема благодарност до Комисијата за заразни болести за начинот на комуникација и посветеноста заедно да го направиме тоа што е најголем приоритет за сите нас во овој момент, заштита, безбедност и сигурност на сите учесници на настанот. Одговорноста е голема. „Охрид трчаТ“ ќе биде прва улична трка за оваа година во нашата земја и пошироко и навистина ни претставува голем мотив и предизвик, во вакви услови да го покажеме нашиот професионализам и визија за подоброто утре наше, на Охрид и на Македонија, изјави директорот на трката, Иван Цветкоски.
Вкупниот број на учесници е ограничен на 500, по 250 на полумаратонот (21 километар) и 250 за рекреативната трка на 5 километри. Пријавувањето е отворено до 23 август, доколку претходно не се исполни предвидениот одобрен број за учество.
Сите учесници кои ќе се пријават до 20 август ќе имаат право да си имаат име и презиме на стартниот број.
Пријавувањето е на официјалната страна www.ohridtrcat.mk. зс/