• петок, 08 ноември 2024

Одлуки од седницата на Уставниот суд

Одлуки од седницата на Уставниот суд

Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 алинеја 3, член 4, член 12 став 3, член 13 став 1, член 16 став 5 и член 39 став 1 алинеја 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Судиите не поведоа постапка и за оценување на уставноста на член 63 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

На денешната седница беа отфрлени иницијативите за поведување постапка за оценување на законитоста на член 171 став 3 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи и иницијативата за оценување на уставноста на член 9 став 2, 3, 4, 5 и 6 од Правилникот за членување, права и обврски за членот и престанување на членството во Македонскиот полициски синдикат од 06.03.2020 година. дма/са/

Остани поврзан