• сабота, 31 август 2024

Одложен мечот меѓу Торонто и Чикаго поради коронавирус

Одложен мечот меѓу Торонто и Чикаго поради коронавирус
Њујорк, 28 февруари 2021 (МИА) – Натпреварот меѓу екипите на Торонто и Чикаго, што требаше да се игра вечерва со почетокот во еден час по полноќ по македонско време, е одложен поради неколкумина заразени со коронавирус во редовите на канадскиот тим, соопшти вечерва НБА лигата. Лигата посочи дека состојбата со заразени со Ковид-19 во редовите на Торонто „се влошува“, непрецизирајќи го, притоа, бројот на позитивни случаи. Поради почитување на правилата за изолација на лица со кои позитивни на коронавирус биле во контакт, Торонто го нема на располагање неопходниот минимум од осум кошаркари, поради што натпреварот против Чикаго е одложен. Ова е 30. натпревар од почетокот на оваа сезона во НБА лигата што е одложен поради коронавирус. ег/ссм/

Остани поврзан