• сабота, 09 ноември 2024

Одложено отворањето на Таџ Махал поради голем број новозаразени со Ковид-19

Одложено отворањето на Таџ Махал поради голем број новозаразени со Ковид-19
Њу Делхи, 6 јули 2020 (МИА) - Отворањето на Таџ Махал за туристи вчера беше одложено поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во областа околу познатиот споменик. Во Индија, коронавирусот вчера беше потврден кај 24.850 новозаразени, што е најголемиот дневен пораст од почетокот на пандемијата во земјата. Во истиот период починаа повеќе од 600 луѓе. Агра, градот во кој се наоѓа Таџ Махал, сè уште е најсериозно погоден град од коронавирус во најнаселената сојузна држава Утар Прадеш. Властите во државата одлучија да го одложат отворањето на Таџ Махал и другите споменици. - Отворањето на овие споменици може да го забрза ширењето на Ковид-19, се вели во соопштението на локалната општина. Заштитените споменици првично се очекуваше за јавноста да бидат отворени на 6 јули. Во Индија до сега има околу 700.000 заразни и околу 20.000 починати од Ковид-19. јт/

Остани поврзан