• вторник, 24 декември 2024

Одложено европското во велосипедизам за 2021 година

Одложено европското во велосипедизам за 2021 година
Трентино, 2 мај 2020 (МИА) - Европското првенство во велосипедизам, закажано за септември во италијанската провинција Трентино, е одложено за една година поради кризата со коронавирус, соопшти Европската велосипедска федерација (ЕВФ). - Поради тешката состојба што го погодува целиот свет ... Европското првенство во велосипедизам во Трентино (Италија) ќе биде одложено до септември 2021 година и ќе се одржи во истиот град, се вели во соопштението на ЕВФ. Професионалното возење велосипед беше стопирано до 1 август, што исто така бараше преместување на најпрестижната турнеја во светот - „Тур де Франс“, за 29 август - 20 септември. Сепак, ЕВФ додаде дека „ќе разгледа различни алтернативи на Европското 2020 и настаните од овогодинешниот календар, така што сите наслови во одделните категории ќе бидат дистрибуирани во сите дисциплини“.

Остани поврзан