• сабота, 23 ноември 2024

Одлики на авторитетното родителство

Одлики на авторитетното родителство
Лос Анџелес, 12 октомври 2021 (МИА) - Детскиот психолог, професорката Франсин Зелцер за американски Си-Ен-Би-Си објаснува зошто е добро да се биде авторитетен родител. Таа притоа истакнува дека има четири вида родителство што може да се применат во различни ситуации - попустливост, авторитет, рамнодушност и авторитарност. Но, повикувајќи се и на мислењата на другите истражувачи, таа смета дека авторитетното родителство е на прво место во воспитувањето. Авторитетен родител е оној кој има големи очекувања од своето дете, но и големи очекувања од себеси. - Авторитетното родителство го поддржува и најчесто е во согласност со потребите на детето. Таквиот родител им пристапува на децата со отворен и искрен разговор, за да ги научи за она што е вредно и тие да можат да ги разберат нештата, објаснува Зелцер. Од друга страна, пак, авторитарните родители се, исто така - строги, но не ги покажуваат потребните емоции. Според тоа, авторитетните родители се одликуваат со следново: - Одговараат на емоционалните потреби на детето и му поставуваат високи стандарди. - Често разговараат со детето и ги земаат предвид неговите мислења и чувства. - Му помагаат на детето да размислува и учи. - Го поддржуваат и ја охрабруваат неговата самостојност и независно одлучување. - Длабоко влијаат на развојот на детето. Психологот Зелцер истакнуваа дека истражувањата покажуваат дека овој вид родителство резултира со самоувереност кај детето, кое подоцна, многу веројатно, ќе има и академски успех, подобри социјални вештини и способност за решавање проблеми. Попустливото родителство резултира со тоа што детето е „победник“, а родителот - „губитник“. Авторитетните родители не бараат слепа послушност, туку преку разговор објаснуваат зошто постојат правила. - Сепак, не ја поедноставувајте нагласката на казната. Бидете поддржувачи и навистина слушнете го вашето дете. Прашајте го и обидете се да го разберете нивното мислење. Оставете ги да одлучат, за да можат сами да пораснат и да научат, вели Зелцер. Според неа, родителот треба да се однесува кон своите деца како добар човек, бидејќи тој сака и децата да бидат такви како него.  си/сд/

Остани поврзан