• сабота, 23 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
1 јануари 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 декември. Денеска е Св. маченик Бонифациј. Бонифациј беше роб. Живееше во Рим со својата господарка Аглаида во незаконит брак. Иако и двајцата беа христијани по име, далеку беа од светиот живот. Еден ден Аглаида му даде многу пари на Бонифациј и го прати на Исток да и донесе мошти од некој христијански маченик. Овој отиде во градот Тарс, во Мала Азија, и гледајќи како христијаните беспра¬вно страдаат за Христа, поверува и самиот. Заради тоа беше ставен на маки и најпосле погубен. Неговите придружници ги зедоа неговите мошти и ги однесоа во Рим кај Аглаида. А таа, откако доживеа внатрешен земјотрес поради тоа сведоштво, изгради црква и ги положи таму моштите на свети Бонифациј. Ова се случи за време на император Диоклецијан. Од КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Нова Година - прославување на света Богородица Марија. Марија според Светиот Дух, станала Богородица - Мајка Божја. Во петтиот век кога, под влијание на доцната грчка филозофија, таа вистина почнала да се порекнува, Црквата веднаш реагирала, па на третото општо собрание во Ефес, во 431 година, свечено била дефинирана вистината дека Марија е Богородица. Би било добро, на почетокот на граѓанската војна славејќи ја Марија Богородица, да одлучиме дека ќе ја славиме во текот на цела година, молејќи се за неа и живеејќи според Божјите заповеди. Нека нас не, наговори Марија и оваа година која денеска ја започнуваме, да ни донесе многу Господов благослов и мир. ###

Остани поврзан