• вторник, 24 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
29 мај 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 мај. Денеска е Преподобен Теодор Осветен. Теодор беше роден и порасна како незнабожец. Но, како момче дојде до познание на вистината и откако слушна за свети Пахомиј, тајно од своите родители, отиде во неговиот манастир. Свети Пахомиј го прими и наскоро многу го засака заради неговата необична ревност и послушност. По смртта на свети Пахомиј Теодор стана игумен на сите манастири што овој ги основа (свети Пахомиј се слави претходниот ден). Доживеа длабока старост и во мир се упокои во 368 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Полион. За време на владеењето на царот Доклецијан и Максимилијан кога избувнале прогонствата против христијаните, свети Полион бил изведен пред судот. Во тие моменти, говорел за христијанскиот морал: "Луѓето треба да ги поправат своите гревови, господарите мора да да постапуваат кон робовите со благост и љубов. Никому не смееме да му нанесуваме зло..." Полион бил запален.

Остани поврзан