Одбојкарите на Струмица Никоб по втор пат поразени од Мурса
- Македонскиот одбојкарски шампион Струмица вечерва загуби од Мок Мурса со 3:1 во реваншот од квалификациите за ЦЕВ купот.

Осиек, 19 октомври 2022 (МИА) – Македонскиот одбојкарски шампион Струмица вечерва загуби од Мок Мурса со 3:1 во реваншот од квалификациите за ЦЕВ купот.
Струмичани добро го отворија натпреварот и го добија првиот сет со 25:21. Следуваше период на Мурса и три врзани сета: 25:17, 25:19 и 25:15.
Клубот од Осиек (Хрватска) и на првиот натпревар беше подобри. Мурса во Струмица славеше победа со 3:2 и заслужено се пласира во 1/16 финалето на ЦЕВ купот. зс/