• среда, 27 ноември 2024

Одборот за акредитација на високото образование почна со работа и средби со факултетите

Одборот за акредитација на високото образование почна со работа и средби со факултетите

23 април 2024 

Вчера на 23.04.2024 година се одржа втората седница на Одборот за акредитација на високото образование во просториите на Филозофскиот и Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„- Скопје.

Од страна на Одборот беа формирани стручните комисии од соодветните научно-истражувачки подрачја според Меѓународната фраскатиева класификација: природно-математички науки; техничко-технолошки науки; медицински науки и здравство; земјоделски и ветеринарни науки; општествени науки; и хуманистички науки согласно Законот за високо образование и Правилникот за методологијата, стандардите и постапката за акредитација на високообразовните установи и за акредитација на студиските програми.

Во функција на квалитетно и експедитивно работење, Одборот за акредитација на високо образовните институции и процесот на зголемување на квалитетот на високото образование беше донесен нов Деловник за работа на Одборот за акредитација на високото образование.

Пред одржување на редовната седница на Одборот за акредитација на високото образование, претседателот на Одборот проф.др Марјан Ѓуровски и неговиот заменик проф.др Куштрим Ахмети имаа одвоени работни состаноци со Деканатскиот менаџмент на Филолошкиот и на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„- Скопје. На средбите се разговараше за досегашниот начин на работа со посебен фокус на проблемите на кои наидувале во процесот на акредитација на студиските програми со цел истите да се надминат во престојниот период. На двата состанока со Деканите на Филолошкиот и на Филозофскиот факултет при УКИМ проф.др Владимир Мартиновски и проф.др Ратко Дуев со нивните продекани се истакна потребата од креирање на интердисциплинарни и мултидисциплинарни студиски програми, како и програми на англиски јазик.

Одбор за акредитација на високото образование

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан