• четврток, 05 декември 2024

Одбиено е барањето на масовниот убиец Брејвик за предвремено ослободување од затвор

Одбиено е барањето на масовниот убиец Брејвик за предвремено ослободување од затвор

Осло, 4 декември 2024 (МИА) - Норвешкиот суд денеска соопшти дека го отфрлил барањето на масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик за предвремено ослободување од затвор, каде што отслужува казна за убиство на 77 луѓе во најголемото мирновременско злосторство во оваа нордиска земја, јавија норвешките медиуми, цитирајќи ја пресудата.

На 22 јули 2011 година, неонацистот и исламофобот Брејвик со автомобил-бомба уби осум лица во центарот на Осло, а потоа уште 69 лица, главно тинејџери, во младинскиот камп на Лабуристичката партија на островот Утоеја.

Адвокатот на Брејвик изјави дека неговиот клиент ќе поднесе жалба на одлуката.

Во ноември, судот го разгледа второто барање на Брејвик за условно ослободување. За време на тоа рочиште, тој рече дека нападот бил „неопходен“.

Овој 45-годишник има отслужено 13 од вкупно 21-годишната затворска казна, што беше максимална казна во времето на неговите злосторства, која може да се продолжи се додека тој се смета за закана за општеството.

Убиецот може да поднесе барање за условно ослободување една година по секое одбивање.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан