Одбележување на 5 Декември - Светскиот ден на волонтерството
- Црвениот крст на Република Северна Македонија со пригоден настан ќе го одбележи 5 декември, Светскиот ден на волонтерството, ден посветен на признавање на несебичната посветеност и придонес на волонтерите ширум светот.
Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Црвениот крст на Република Северна Македонија со пригоден настан ќе го одбележи 5 декември, Светскиот ден на волонтерството, ден посветен на признавање на несебичната посветеност и придонес на волонтерите ширум светот.
Овој ден, посочуваат, е можност да се истакне важноста на волонтерството како двигател на позитивни промени во општеството. Волонтерите се срцето на заедниците – тие работат несебично за да помогнат каде што е најпотребно, внесувајќи надеж и солидарност. Нивната посветеност не само што ги подобрува животите на поединците и заедниците, туку придонесува и за глобални цели како што се правдата, еднаквоста и одржливиот развој.
Оваа година, го одбележуваме Светскиот ден на волонтерството под мотото: „Во заштита на хуманоста“, потсетувајќи нè дека преку здружена акција и солидарност можеме да создадеме поинклузивен и праведен свет. Им оддаваме благодарност на сите волонтери за нивната инспиративна работа и ги охрабруваме сите да се приклучат кон волонтерски иницијативи. Волонтирањето не е само придонес кон заедницата, туку и начин да растеме како индивидуи, стекнувајќи нови искуства, пријателства и вредности, наведуваат од републичкиот Црвен крст. вг/нд/
Фото: принтскрин