Одбележување на Светскиот ден за борба против ракот
- Со онлајн конференцијата „Повик за енергична акција за донесување на првата Национална програма за контрола на ракот“, Здружението „Борка – за секој нов ден“ денеска ќе го одбележи Светскиот
Скопје, 4 февруари 2022 (МИА) - Со онлајн конференцијата „Повик за енергична акција за донесување на првата Национална програма за контрола на ракот“, Здружението „Борка – за секој нов ден“ денеска ќе го одбележи Светскиот ден за борба против ракот - 4 февруари.
Како што информираат организаторите, на конференцијата ќе се обратат д-р Беким Сали, министер за здравство, д-р Нино Васев од Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Аспасија Софијанова од Универзитетска клиника за детски болести, д-р Сања Трајкова од Универзитетска Клиника за хематологија и Биба Додева, претседател на Здружение „Борка – за секој нов ден“.
- Едно од пет лица ширум светот развива рак за време на својот живот, а еден од 8 мажи и една од 11
жени ја губат битката со болеста. Околу 2,3 милиони нови случаи на рак на дојка биле
дијагностицирани во 2020 година, што претставува 11,7 отсто од сите случаи на рак. Ракот на дојка е
најчесто дијагностициран карцином и водечка причина за смрт од рак ширум светот. Ова е глобалната статистика на рак во пресрет на 4 февруари, Светскиот ден за борба против ракот, потенцираат од Здружението.
Истакнуваат дека пандемијата со Ковид-19 изминатите две години го нарушила нормалниот тек на третманите на рак како во нашата земја, така и во голем дел од земјите во светот, особено посочувајќи на доцнења во дијагнозата, следење на третманот со други дијагностички процедури, стопирање на скрининг
програмите и сл. Од друга стрна, посочуваат, здравствените работници се под екстремен стрес, зголемен е обемот на работа и отежнати се условите во кои работат, но исто така пандемијата влијеше и врз клиничките истражувањата.
- Здружението „Борка“, следејќи ги препораките на Светската здравствена организација
[СЗО], повикува на утврдување минимум стандарди за контрола на заболувањата и смртноста
од ракот. Повикуваме на општ консензус за развивање на Национална стратегија за контрола на
ракот и долгорочен акционен план за мобилизација на сите капацитети за борба со оваа болест.
Ние како здружение сме подготвени да ги го дадеме својот придонес и да ги ставиме на
располагање сите наши капацитети, вели Биба Додева, претседател на „Борка“.
Населението во Северна Македонија сè повеќе се едуцира за потребата од рана дијагноза благодарение на акциите на пациентските здруженија и Министерството за здравство. Следен чекор мора да биде стратешкиот пристап кон обезбедување современи терапии за сите пациенти болни од рак, што директно ќе придонесе кон намалување на смртноста на пациентите, продолжување на животот кај болните од рак и обезбедување квалитет на живеењето наспроти товарот што го носи болеста.
Од „Борка“ информираат дека според клиничките истражувања и светските искуства, современите терапии обезбедуваат продолжување на животот од најмалку 5 години, а во случај на рана дијагноза овозможуваат и целосно преживување. Ваквите терапии се веќе достапни во регионот и во нашата држава, за што е потребно покривање на трошоците од страна на државата и информирање на граѓаните за нивната достапност.
„Борка“ повикува и на поголема внимателност на населението. Глобалната кампања за
борба против ракот на СЗО потенцира дека главните причинители на малигните заболувања се
повеќе ги допираат и децата. Особено треба да се внимава на пропорционална телесна тежина,
здрава исхрана, постојана физичка активност, избегнување директни или индиректни контакти со
чад од цигари и контролирана употреба на алкохол.
Посочуваат дека статистиките за подемот на заболувањата од ракот се доволен показател за потребата од координирано дејствување на глобално и пред се на национално ниво. - Бројот на смртни случаи
предизивикани од ракот ќе се зголеми од 7,9 милиони во 2007 година, на 11,5 милиони во 2030
година. Бројот на заболени пак, ќе се зголеми од 11,3 милиони во 2007 година, на 15,5 милиони во
2030 година. Како одговор на овие бројки стои и фактот дека 40% од случаите на рак може да се
превенираат или излечат, потенцираат од „Борка“.
- Здравјето нема цена. Тоа е инвестиција. Зато треба да го промениме наративот бидејќи
основно право на секој човек е здравјето. Да поттикнеме креирање на нови подобри услови за
третман и терапија на нашите граѓании, да ги охрабриме и поддржиме сите во нивната борба
со ракот бидејќи оваа борба е наша, заедничка. Само со стратешки пристап и со национален
консензус можеме да ги менуваме статистиките, велат од Здружението Борка.фф/са/