• сабота, 24 јануари 2026

Одбележување на Неделата за подигнување на свеста за борбата против ракот на грлото на матката

Одбележување на Неделата за подигнување на свеста за борбата против ракот на грлото на матката

Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Македонското лекарско друштво (МЛД) и Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија денеска организираат настан по повод одбележувањето на светската и европската Недела за подигнување на свеста за борбата против ракот на грлото на матката.

Најавено е обраќање на претседателот на МЛД и на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, проф.д-р Горан Димитров, на директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и шеф на националниот комитет за борба против ракот на грлото на матката, проф.д-р Ирена Алексиоска-Папестиев, на националниот координатор за имунизација, проф.д-р Александра Грозданова, раководителот на Одделението за малигни генитални тумори кај жената, проф.д-р Виолета Клисаровска и специјалистот патолог и раководител на Цитолошката лабораторија на УК за гинекологија и акушерство, д-р Верди Станојевиќ. pп/вг/

 

Остани поврзан