• понеделник, 23 декември 2024

Одбележување на Денот за пензиска свесност - 15 септември

Одбележување на Денот за пензиска свесност - 15 септември

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Во рамки на својата мисија да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го одбележува 15 септември – Денот за пензиска свесност со низа активности користејќи ги електронските комуникациски алатки и социјалните медиуми.

Од МАПАС потенцираат дека особено е важно младите навремено да се информираат за правата, обврските и придобивките на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови, веднаш по започнувањето на работниот однос.

Неделата за пензиската свесност оваа година е од 11 до 15 септември, а Денот за пензиска свесност e како и обично на 15 септември. Почнувајќи од 2014 година Денот за пензиска свесност има за цел да ја истакне важноста на пензиското штедење. дма/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан