• сабота, 23 ноември 2024

Одбележан 50-годишниот јубилеј на Пчеларското здружение „Охрид“

Одбележан 50-годишниот јубилеј на Пчеларското здружение „Охрид“

Охрид, 12 април 2024 (МИА) – Пчеларите од Охрид и околината синоќа на пригодна свечсност одржана во Големата сала на Општина Охрид ја одбележаа 50-годишнината од постоењето на  Пчеларското здружение „Охрид“.

На свеченоста пред пчеларите се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, кој им го честиташе јубилејот, истакнувајќи ја важноста на пчеларството, како за здрава животна средина, така и за производството на мед како дел од локалната економија.

-Пчеларството не е само земјоделска гранка, туку е и важен столб на целиот екосистем, а пчелните производи се силна алка во исхраната на човекот и заштитата од болести. Пчеларското здружение преку своите членови и искусни лица овозможува ресурси и знаење кои создаваат поволни услови за одржливо пчеларство, одгледување на здрави пчели и производство на висококвалитетен мед, истакна Китески притоа упатувајќи признание и благодарност до основачите на здружението и сите активни членови кои го одржуваат и градат, ги следат современите трендови и го позиционираат Охрид на мапата на успешни пчеларски региони.

Тој изрази уверување дека и во иднина Пчеларското здружение „Охрид“ ќе продолжи да работи посветно во доменот на заштита на пчеларството и унапредување на оваа значајна дејност.

-Локалната самоуправа секогаш е насочена кон вреднување на успешните приказни и во рамки на нашите ингеренции, ќе бидеме отворени за соработка и поддршка на вашите програми и активности, рече Китески.

На пригодната свеченост која се одржа во Големата сала на Општина Охрид свое обраќање имаше и претседателот на здружението Наум Трпчески.аб/дма/

Фото: Општина Охрид

 

Остани поврзан