• сабота, 23 ноември 2024

Одбележана 80-годишнината од објавувањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ

Одбележана 80-годишнината од објавувањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ

Охрид, 3 октомври 2023 (МИА) – Делегација на Општина Дебрца, предводена од градоначалникот Зоран Ногачески, денеска положи цвеќе пред споменикот на НОБ во селото Црвена Вода, местото каде пред 80 години беше објавен Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ.

Манифестот е документ што според значењето е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност, односно Асномска Македонија.

Во рамки на свеченоста по повод денот што Општина Дебрца го слави како патронен празник, беше одржан и историски час во обновената Спомен-соба на НОБ.

„ Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја. И во времето на Светиклиментовата Кутмичевица и во илинденскиот период  и во текот на НОБ. Тука се исковани најголемите придобивки од НОБ. Затоа, имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки. Нашата визија е да го унапредиме овој крај, да ја вратиме душата на Дебрца, да го сочуваме нејзиното богато природно, културно и историско наследство. Наследство кое не е само наше, на општина Дебрца и Македонија, туку е и светско наследство. Затоа и во наредниот период упорно и посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина“, истакна Ногачески во обраќањето пред присутните.

Во селото Црвена Вода пред 80 години беше формирана првата регуларна воена единица, баталјонот „Мирче Ацев“. Во дебрчкото село Сливово беше формирана Првата Македонска-Косовска ударна бригада, со што Дебрца стана првата слободна територија во НОБ, а во селото Издеглавје исто така во атарот на Дебрца во 1944 година беше возобновена Македонската Православна Црква во ликот на Охридската Архиепископија. аб/нд/

Фото: Општина Дебрца

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан