• понеделник, 16 декември 2024

Одбележана Детската недела во општина Илинден

Одбележана Детската недела во општина Илинден

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Под мотото „Правата на детето - безбеден чекор кон среќно детство!“, првачињата од основните училишта од општина Илинден ја одбележале „Детската недела“ и станале членови на Детската организација. 

-На овој значаен ден за нив, тие дадоа свечена заклетва, а во таа чест нивните поголеми другарчиња им приредија културно-уметничка програма, во која дечињата глумеа, играа, пееја и другаруваа. За време на оваа свеченост, присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, а децата се запознаа со Детската организација, нејзиното значење, детските права и одговорностите кон училиштето, соопшти Општина Илинден. 

Во рамки на „Детската недела“, која се одржува од 7 до 13 октомври, во општинските основни училишта во Илинден се одржуваат разни работилници за деца, како и посета на јавни институции.

Меѓу активностите била и посета на  учениците кај градоначалникот Александар Георгиевски и општинската администрација на Општина Илинден. хс/цр

Фото: Општина Илинден 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан