• понеделник, 23 декември 2024

Овчите сипаници најчесто акутно заразно заболување во ноември, раст од 29,9 отсто во однос на октомври

Овчите сипаници најчесто акутно заразно заболување во ноември, раст од 29,9 отсто во однос на октомври

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Најчесто регистрирано акутно заразно заболување во ноември се овчите сипаници со вкупно 395 пријавени лица. Во однос на претходниот месец - октомври, се регистрира зголемување за 29,9 проценти, се наведува во месечниот билтен за движењето на заразните заболувања за ноември на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево.

Евидентирани биле и 19 случаи на голема кашлица, по 12 случаи на инфективна мононуклеоза и скарлатина, седум случаи на легионерска болест и три случаи на заразни заушки.

Од трите случаи на заразни заушки, првиот бил на возраст од 44 години од Кавадарци со непознат вакцинален статус. Вториот и третиот случај биле деца на возраст од осум години од Скопје, вакцинирани со една доза МРП вакцина. Дијагнозата била клинички потврдена.

Во Република Северна Македонија во ноември на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип, пријавени биле вкупно 259 заболени лица.

- Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции - без ХИВ/СИДА - регистрирани се осум заболени лица и тоа пријавени се по три случаи на сифилис и вирусен хепатит Ц и два случаја на вирусен хепатитис Б, се појаснува во извештајот.

Во текот на месец ноември, пријавени биле три случаи потврдени на СИДА и еден на ХИВ, лица кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 39 години. бд/са/

Фото: МИА архива, Институт за јавно здравје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан