• среда, 25 декември 2024

Овчеполските земјоделци добиле ветување, вода за наводнување ќе пристигне до понеделник

Овчеполските земјоделци добиле ветување, вода за наводнување ќе пристигне до понеделник
Свети Николе, 4 август 2022 (МИА) - Овчеполските земјоделци очекуваат водата за наводнување да им пристигне до понеделник, ова ветување го добиле на денешниот состанок во подружницата на Водостопанство Свети Николе. Земјоделецот, Никола Стојанов за МИА вели дека им биле предочени неколку причини, зошто вода не пристигнува до нивите со детелина, бостан, лозови и овошни насади. -Ни беше кажано дека вода до нашите ниви не пристигнува заради кражби на водата, како и заради тоа што системот за наводнување е стар. Најпрвин вода ќе добијат земјоделците во атарот на село Ерџелија, а потоа и останатите села, вели Стојанов. Посочува дека веќе 11 дена земјоделците од Овче Поле немаат вода за наводнување, а штетите се големи на сите култури. Стојанов вели дека сите земјоделци во овој регион навремено ги плаќаат обврските за вода за наводнување, а која пристигнува од Хидросистемот „Брегалница“. Раководителот на ХС „Брегалница“-Кочани, Благој Богтинов за МИА вели дека испораката на водата до корисниците на подружницата Свети Николе е континуирана и се одвива без прекинување. „Ние испорачуваме вода. Поголеми количини не можат да се пуштат поради можност за излевање. Каналската мрежа е стара и треба да се реконструира. Ние ќе излеземе во пресрет извесен период ќе ја намалиме количината за нашите корисници, за да може таа да стигне до Овчеполието, Богатинов. Неколку децении веќе има проблемите со наводнувањето на нивите во источниот регион, кои вода добиваат од езерото Калиманци. Една од причините е непланското сеење и садење на култури, а најголемата е рунираниот систем за наводнување. Богданов посочи дека потребни се неколку милиони евра за санација на овој систем за наводнување, кој живот дава на нивите во кочанско, виничко, штипско и Овче Поле. вдј/ки/

Остани поврзан