• четврток, 05 декември 2024

Објектот на новата противпожарна зграда во Битола во завршна фаза

Објектот на новата противпожарна зграда во Битола во завршна фаза

Битола, 8 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, изврши увид на градежните активности на новата противпожарната зграда чија изградба влегува во финална фаза.

Територјалната противпожарна единица е на парцела од 3.300 квадратни метри, со корисна површина од 1.600 квадратни метри, истакна Коњановски.

-Битола добива нов објект кој градот го заслужува со оглед на тоа дека територијалната противпожарна единица ги опфаќа општините Битола, Ресен, Могила, Новаци и Демир Хисар. Во моментот се прават преградните ѕидови пред затворање до карабина, исто така во изработка е челична конструкција над која ќе се изработи кровната конструкција, а со тоа предвидено е до крајот на годинава, објектот да биде затворен. Подолго време сме во преговори со Министерство за надворешни работи и Министерство за одбрана на САД, кои го разгледаа проектот, презадоволни се и имаат желба  да помогнат во дооформувањето на објектот, во делот на опремувањето. Во текот на идната година Битола, битолчани и поширокиот регион ќе добијат нова противпожарна единица, истакна Коњановски.

Новиот објект на битолските пожарникари се гради во поранешната касарна на АРМ во овој град. мт/дма/

Фото: Општина Битола 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан