• вторник, 24 декември 2024

Објавување на победниците на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“

Објавување на победниците на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) - По повод Европскиот ден на јазиците - 26 Септември, денеска во просториите на Европска куќа - Скопје ќе бидат објавени победниците на деветтата награда за најдобар млад преведувач „Вавилон“, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ. Како што е најавено, наградите ќе ги предадат шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, професорот при Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје и амбасадор на наградата „Вавилон“ за 2022 година Владимир Мартиновски, како и претседателот на Организацискиот одбор на наградата „Вавилон“ и член на Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ, Никола Ѓелинчески. Целта на оваа награда, која годинава се доделува по деветти пат, е промоција на младите преведувачи, како и поттикнување на квалитетот во преведувањето на книжевни дела. Конкурсот е отворен за млади преведувачи до 26 години, додека делата мора да се преводи на книжевни дела од еден од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било кој од јазиците што се говорат во земјата. На настанот ќе биде објавено и десеттото јубилејно издание на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“, а ќе бидат објавени и деталните критериуми за Наградата 2023.бт/бк/  

Остани поврзан