Објавен јавен повик за признанието „Успешни млади“ за 2021 година
- Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски објави јавен повик за признанието „Успешни млади“ за 2021 година. Повикот е отворен до 30 септември 2022 година.
Скопје, 4 август 2022 (МИА) - Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски објави јавен повик за признанието „Успешни млади“ за 2021 година. Повикот е отворен до 30 септември 2022 година.
-Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади”, велат од Кабинетот на претседателот. Поделен е во осум категории најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки; најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки; најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки; најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки; најдобар/а млад/а иноватор/ка; млад талент (за ученици и ученички од средните училишта); признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост) и најдобар/а млад/а уметник/чка.Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2021 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.
Пријавувањето е достапно на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија на македонски јазик, албански јазик и англиски јазик. ки/лв/