• сабота, 23 ноември 2024

Објавен четвртиот том од „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен четвртиот том од „Визуелна хроника на македонскиот стрип“
Штип, 15 јуни 2022 (МИА) - Излезе од печат четвртиот том од едицијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново дело на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Со неа авторот ја продолжува својата мисија за прибележување на историјата на деветтата уметност на македонско тло, овојпат обработувајќи го периодот 2012-2015 година, во кој македонската стрип-ренесанса ја достигнува својата кулминативна точка.-Исто како и претходните, и оваа четврта „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ е едно особено визуелно патување низ кратката, но бурна и богата историја на домашната стрип-сцена. Совршен баланс на инфoрмација, популарно напишан текст поткрепен со академско референцирање, и придружен од стотина илустрации и цитати“, за оваа публикација истакнува рецензентот Сашо Гачев.„Визуелна хроника на македонскиот стрип“ 2012-2015“ е со формат А4, а на нејзините 60 страници во боја се презентирани преку 250 хронолошки единици – албуми, фестивали, работилници, изложби – прошарани со стотина илустрации и цитати. Објавувањето на публикацијата е поддржано од Министерството за култура, како проект од национален интерес во културата од областа на издавачката дејност за 2022 година.вдј/бт/

Остани поврзан