Објавен распоредот за четвртфиналето на ФА Купот
- Фудбалската асоцијација на Англија го објави распоред за натпревари од 1/4 финалето на националниот куп.

Лондон, 5 јуни 2020 (МИА) – Фудбалската асоцијација на Англија го објави распоред за натпревари од 1/4 финалето на националниот куп.
Двојки и термини:
Сабота, 27 јуни:
Норвич – Манчестер јунајтед 18:30 часот
Недела, 28 јуни:
Шефилд јунајтед – Арсенал 14:00 часот
Лестер – Челзи 17:00 часот
Њукасл – Манчестер сити 19:30 часот.
Полуфиналните мечеви ќе се играат на 11 и 12 јули, а дуелот за трофејот во ФА купот е закажан за 1 август. зс/