• петок, 27 декември 2024

Објавен првиот том од избраните дела на Петре Димовски

Објавен првиот том од избраните дела на Петре Димовски

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) - Во издание на „Дијалог“ од Скопје излезе од печат романот „Бродови“ од Петре Димовски, што е прв од петтомниот избор на овој познат македонски писател кој живее и создава во Битола.

Како што информира Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“, избраните дела на Петре Димовски излегуваат по повод 75- годишнината од животот и 50 години творештво. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Петре Димовски е раскажувач, романсиер, драмски автор и писател за деца. Добитник е на повеќе книжевни признанија, меѓу кои и на наградите на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“ и „Ванчо Николески“. Дебитираше со книгата „Преломи“ во 1973 година и во изминатите педесет години создаде опус од 20 романи и 15 збирки раскази.

Во неговото творештво низ белетристички пристап се следи во континуитет и растежот и падот на Битола низ бурните векови, од настанувањето на градот до најновото време. мд/са/

Фото: Дијалог 

 

 

Скопје, 17, 07. 1923 „ДИЈАЛОГ“

Остани поврзан