• четврток, 26 декември 2024

Објавен конкурс за попишувачи и реонски инструктори за Пописот 2021

Објавен конкурс за попишувачи и реонски инструктори за Пописот 2021
Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) - Државниот завод за статистика денеска објави конкурс за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот од 1 до 21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на Пописот 2021. На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини. Пријавувањето се врши преку електронска апликација достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, а сите детали поврзани со конкурсот и условите се содржани во огласот објавен во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“, „Слободен печат“ и „Коха“. аа/дма/

Остани поврзан