• петок, 26 јули 2024

Објавен „Излезе сејачот да сее - роман за Блаже Конески“ од Паскал Гилевски

Објавен „Излезе сејачот да сее - роман за Блаже Конески“ од Паскал Гилевски
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) - Од печат излезе романот на Паскал Гилевски „Излезе сејачот да сее - роман за Блаже Конески“. Романот е во издание на Матица македонска. -Делото се заснова врз педесетина средби на авторот со великанот на македонската литература и наука, при што е опфатен период од три децении од животот на Конески, но во книгата читателите ќе се сретнат и со цела плејада на познати личности од Блажевата епоха, главно писатели, уметници и политичари, кои оставиле длабоки траги во поновата македонска историја и национална култура, велат од Матица. Раде Силјан во препорака на изданието посочува дека романот е напишан во препознатливиот раскажувачки стил на Паскал Гилевски, што се состои во актуелност на темата, силата на сугестијата на раскажувањето и читливоста. Паскал Гилевски е автор на богат литературен опус, за кој е добитник на престижни национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на наградите „11 Октомври“ и „23 Октомври“ за животно дело од областа на културата. Член е Унгарската академија на науките и уметностите. ки/са/

Остани поврзан