• недела, 22 декември 2024

Објавени конкурсите за најдобар поетски ракопис и најдобра необјавена поетска книга „Караманов 2024“

Објавени конкурсите за најдобар поетски ракопис и најдобра необјавена поетска книга „Караманов 2024“

Радовиш, 14 октомври 2024 (МИА) - Центарот за култура „Ацо Караманов“ - Радовиш и Советот на 51. Караманови средби ги распишаа конкурсите за најдобра необјавена поетска книга и најдобар поетски раскопис од странски автор за доделување на наградата „Караманов 2024“.

Конкурсот трае од 14 до 25 октомври 2024 година, а може да учествуваат автори од Република Северна Македонија и автори од дијаспората коишто пишуваат на македонски јазик, како и автори од целиот свет.

Ракописите не треба да бидат подолги од 64 страници или четири табаци, а се бара да бидат доставени под шифра во два маила во електронска форма потпишани со шифра, а со посебен маил да дадат и одговор на шифрата на адреса aco.karamanov@yahoo.com

На наградениот автор за награда ќе му биде објавена книга со неговиот награден ракопис и ќе му биде дадено признание.

Меѓународниот фестивал на поезија „Караманов“, кој редовно финансиски е поддржан од Министерството за култура на Северна Македонија и Општина Радовиш има долга поетска традиција, имајќи предвид дека првото издание на Фестивалот било во 1967 година. Организирано е во чест на младиот македонски поет Ацо Караманов кој загина за време на Втората светска војна кога имал само 17 години.  Караманов е симболист и експресионист и неговата поезија ги одразува тешките времиња што ги живееше како млад човек и како партизан. По неговата смрт биле објавени повеќе од 280 песни, а тој има и неколку кратки раскази, незавршен роман и дневници во кои ги чувал своите најинтимни мисли и рефлексии од секојдневието.

Селектори за наградата се Борче Панов и Даниела Андоновска Трајковска. рт/мд/

Фото: организатори

Остани поврзан