• вторник, 24 декември 2024

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) -  Истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски е добитник на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката. Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски се добитници на наградата  „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.

Како што информира денеска Министерството за култура, оваа одлука ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седница одржана на 11 септември 2024 година. 

Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова - Грујовска.

Државната награда се врачува во Собранието на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ. мд/дма/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан