• сабота, 31 август 2024

Објавени добитниците на стипендија за средношколци од Спортската академија

Објавени добитниците на стипендија за средношколци од Спортската академија
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) - Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии за ученици запишани во Државното средно училиште „Спортска академија“ за учебната 2022/2023 година. Објавен е списокот со 156 ученици кои ги исполнуваат условите од Конкурсот. Добитниците на стипендии треба до 21 ноември 2022  да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука, кој е достапен на веб-страницата на МОН. -Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата, наведува МОН во објавата на резултатите.
Стипендијата за ученици во ДСУ „Спортска академија“  е во месечен износ од 3.500 денари и се добива во текот на учебната година сè додека корисникот ги исполнува условите. хс/дма/

Остани поврзан