• среда, 27 ноември 2024

Објавена програмата на 31-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Објавена програмата на 31-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Струмица, 29 август 2023 (МИА) - Триесет и првото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 Септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се 10 остварувања од земјава, Бугарија и Словенија.

Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од Велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија Ненад Витанов.

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланската лауретка, актерката, Дарја Ризова, писателот и професор на ФДУ, Иван Додовски и актерката Мими Таневска.

Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, а промотор ќе е Јоана Шишкова.

Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 септември 2023 година во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица. рт/мд/

Фото: ФКТ „Ристо Шишков“

Остани поврзан