• среда, 25 декември 2024

Објавена книгата „Драмски дела“ од полскиот книжевник Славомир Мрожек

Објавена книгата „Драмски дела“ од полскиот книжевник Славомир Мрожек

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Книгата драми на познатиот полски драматичар и прозаист Славомир Мрожек под наслов „Драмски дела“ неодамна излезе од печат во издание на „Перун Артис“.

Според издаавчот, она што плени најмногу кога го читаме Мрожек е неговиот горчлив хумор обвиткан во суптилната иронија чиј апстракт е секогаш главниот двигател на неговите драмски дела. Целата негова драматика е собрана во тој ирониски механизам, создавајќи дијалог кој реалитетот го прекршува низ огледалото на политичката и социјална алогичност и деструктивност.

-Нам ни е препознатлив по неговите најзначајни драмски дела како „Танго“, „Полицајци“, „Пеш“ итн, но во оваа книга се драмите од неговата последна фаза: „Преподобните“ и „Прекрасна глетка“ каде што тој се занимава со религијата и тероризмот како теми кои се најгорливи во дваесет и првиот век. Напишани на самиот почеток на новиот век, и двете пиеси се занимаваат со аномалијата на човековата неукост и самодеструкција, и двете се полни со густи дијалози изговорени од комплексните ликови чие внатрешно страдање е големо, но и чија духовна дисторзија е рамна на цивилизациска катастрофа.

Книгата може да се најде во книжарниците на „Три“ (ГТЦ), Полица, Или-Или, Литература.мк (улица Македонија) и Илика. вг/

Фото: Корица на книгата

Остани поврзан