• вторник, 24 декември 2024

Објавена имотната состојба на Путин, вкупниот приход за шест години околу 700.000 евра

Објавена имотната состојба на Путин, вкупниот приход за шест години околу 700.000 евра

Москва, 30 јануари 2024 (МИА) - Централната изборна комисија на Руската Федерација објави информации за имотот на кандидатот за претседател и актуелен руски лидер Владимир Путин.

Според податоците, вкупниот приход на Путин за шест години изнесувал 67.591.875 рубљи (околу 700.000 евра).

Во извештајот се наведува дека претседателот на Русија поседува стан од 77 метри квадратни и гаража од 18 метри квадратни во Санкт Петербург, како и три автомобили - ГАЗ М21, произведен 1960 година, ГАЗ М21, произведен 1965 година, Нива, произведен во 2009 година, автомобилска приколка „Скиф“, произведена во 1987 година.

Путин има и 10 банкарски сметки со 54.416.604,52 рубљи (околу 550.000 евра) и 230 акции на PJSC Bank Санкт Петербург (номиналната вредност на една акција е 11,81 рубли).

Претседателот на Русија поседува и стан во Москва од 153,7 метри квадратни метри. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан