Обновени одделите за лекување инфективни заболувања на централниот нервен систем и интензивна нега во Клиниката за инфективни болести во Скопје
- Одделите за лекување на инфективни заболувања на централниот нервен систем и интензивна нега во Клиниката за инфективни болести во Скопје се обновени и опремени со современа медицинска апаратура. Во посета на Клиниката денеска беа министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Одделите за лекување на инфективни заболувања на централниот нервен систем и интензивна нега во Клиниката за инфективни болести во Скопје се обновени и опремени со современа медицинска апаратура. Во посета на Клиниката денеска беа министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
- Инвестицијата е значајна за подобрување на условите за лекување на пациентите и за работа на медицинскиот персонал. Набавената современа медицинска апаратура ќе служи за побрза и посовремна дијагностика на нашите пациенти кои имаат потреба, истакна директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.
Таравари посочи дека обновата на одделите е значајна и поради реновирањето на КАРИЛ и хируршките клиники, бидејќи ќе требаат повеќе кревети за третман на интернистички пациенти.
- На оваа Клиника во последните седум години не направено колку што е направено за седум месеци, не со пари од Фондот, туку од буџетот на Клиниката. Инфективна се покажа како рол модел за другите клиники како треба да се раководи. Двајца директори за седум години не направија како еден директор за седум месеци. Инвестицијата од 1,5 милиини евра со домаќинско работење е огромна, се надевам дека инвестиците ќе продолжат и на следниот кат каде има потреба од реновирање. Очекувам во меѓувреме да промовираме слично реновирање и на Клиниката за урологија, рече Таравари.
Се осврна на новините и на другите клиники, при што укажа дека молекуларна дијагностика може да се направи со современи лабораториски апарати и се воведени нови дијагностички респираторни методи.
- Се надевам дека ќе користиме најрационално што е можно и искористеноста ќе биде максимална. Како Минситерство ќе се обидеме и понатаму да ги поддржиме директорите кои се успешни, а во меѓувреме и да ги известиме и другите клиники за ресурсите што ги имаме да се искористуваат што повеќе, со цел на крај да заштедиме повеќе и да инвестираме. Со ова што го гледам се надевам дека нашите пациенти ќе добијат добри здравствени услуги, можеби и најдобрите што е можно во земјаве, рече Таравари. лв/дма/
Видео:МИА
Фото:МИА архива