• понеделник, 22 јули 2024

Обновени информативните таблички за животните во Зоолошката градина во Скопје

Обновени информативните таблички за животните во Зоолошката градина во Скопје

Скопје, 4 април 2023 (МИА) -Зоолошката градина во Скопје доби нови информативни и едукативни таблички за животните и таблички со правила на однесување. Донацијата е на компанијата „Credissimo“.

- Зоолошката градина во Скопје е една од најпосетуваните и најатрактивните локации во градот и e наше големо задоволство што сме дел од нејзиното разубавување. Табличките се со информативна содржина и вклучуваат интересни факти и податоци за животните, а покрај тоа што претставуваат забава за најмладите посетители, имаат и едукативен карактер преку кој посетителите без разлика на нивната возраст можат да се едуцираат и да се информираат повеќе за секое животно кое е дел од ЗОО Скопје, изјавија од „Credissimo“.

Од Зоолошката градина во Скопје изразија благодарност до сите компании кои помагаат и ги подобруваат условите во зоолошката градина. -Едукативните таблички веќе подолго време не беа сменети, па така оваа донација е од големо значење за сите посетители да се запознаат и да научат нешто повеќе за животните кои се дел од ЗОО Скопје, наведуваат од ЗОО Скопје.

Во јуни минатата година од Credissimo во Зоолошката градина во Скопје беа донирани средства за уредување на живеалиштето на лавовите и беше обезбедена боја за бојадисување на повеќе живеалишта. мд/са/

Остани поврзан