Обновена работата на контакт-центарот за поддршка на бизнисот и граѓаните во услови на пандемија
- Владата вечерва на седница донесе одлука да ја обнови работата на контакт-центарот наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со криз

Скопје, 12 ноември 2020 (МИА) - Владата вечерва на седница донесе одлука да ја обнови работата на контакт-центарот наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.
Како што информира владината прес-служба, компаниите и физичките лица со јавување на телефонските броеви на кол центарот ќе можат да ги добијат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со КОВИД-19. сст/дма/