• понеделник, 22 јули 2024

Облачно со повремени врнежи од дожд, по одделни котлини со појава на утринска магла

Облачно со повремени врнежи од дожд, по одделни котлини со појава на утринска магла
Скопје, 10 декември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во источните делови каде на места ќе бидат и поројни. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 8, а дневната од 8  до 13 степени. Во Скопје, претежно облачно со утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 10 степени. Во следниот период ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на наредната седмица времето ќе се стабилизира, но ќе дува засилен северен ветер.

Остани поврзан